07 February, 2018

Winter bike to work day - Skopje #4

Датум: петок, 9.02.2018
Почеток: 0:00
Крај: 23:59
Место: Цело Скопје, цел свет!

--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Интернационален сајт: линк
Мапа на локали кои имаат поволности за посетителите на точак:
линк

---------------------------------------------------------------------





И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот - 9ти февруари. 

Дотогаш имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично. Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите? Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет.

А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.



Ги повикуваме кафулињата, баровите, рестораните, продавниците за велосипедска опрема и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат на точак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на Facebook настанот за промоција на Вашите Вело-поволности или испраќајте ни на мејл (natochak@gmail.com) или во порака на Facebook страницата на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.

Ги повикуваме и сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании да се придружат на оваа иницијатива, да бидат креативни и да ги мотивираат своите вработени и ученици/студенти на овој ден да дојдат на работа/на школо на точак.

Секој може да направи свој настан, свои промотивни материјали, свои понуди, свои награди за своите посетители / вработени/ ученици кои ќе пристигнат на точак тој ден.
Иницијативата е интернационална и отворена, придружете се! 

Да го ставиме Скопје на светската вело-мапа! 


P.S. На светската ранг-листа по бројот на пријавени поединци кои на сајтот winterbiketoworkday.org се обврзале дека во петок, 9-ти февруари ќе одат на работа со точак, Скопје се наоѓа на 5-то место (последно проверено во 13:30, 7.02.2018)






На следнава мапа ги има локалите кои даваат поддршка на овој ден со топол пречек за сите точакољупци ;) Да ги посетиме, на точак. 


0 comments:

Post a Comment